вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 66
home Познати

Наследниците на Принс поднесоа тужба: Тие можеа да ја спречат неговата смрт

Наследниците на Принс поднесоа тужба: Тие можеа да ја спречат неговата смрт

Наследниците на американскиот музичар Принс поднесоа тужба против болница во Илиноис и против синџирот аптеки „Волгринс“.

Тие тврдат дека овие здравствени институции можеле да ја спречат смртта на музичарот, доколку поставеле точна дијагноза и го лекувале неговото предозирање неколку дена пред да почине.

Според тужбата, лекарот и болничкиот аптекар не го испитале детално случајот, ниту пак се осигурале дека музичарот ќе ги добие соодветните совети.

Наследниците тужат и двајца аптекари кои неправилно му издавале лек на Принс.

Принс (57) беше пронајден мртов во неговиот дом на 21 април 2016 година.

Официјално причина за неговата смрт е предозирање со фентанил, кој е 50 пати посилен од хероинот.

Смртта на музичарот ја шокираше светската јавност, бидејќи тој одржуваше имиџ на чист и вегетаријански начин на живот.

Коронавирус