четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 86
home Познати

Наследничката на Есма повеќе не се вика Елеонора: „Од тага и љубов си го променив името“

Наследничката на Есма повеќе не се вика Елеонора: „Од тага и љубов си го променив името“

Елеонора Мустафовска, ученичка на легендарната кралица на ромската песна, Есма Реџепова – Теодосиевска, си го промени името, објави „Фокус“.

Таа ќе продолжи да настапува како Малиша, а наскоро ќе ја промовира и првата авторска песна под новото име. За „Фокус” раскажува дека промената на името е чекор на кој се решила најмногу поради големата љубов кон својата внука од брат, Мали, која ја немала видено цели седум години и многу и недостигала.

-Од љубов кон Мали, но и од тага поради тоа што долги години не сум ја видела, јас решив да си го променам името и да ја продолжам кариерата како Малиша. Таа е ќерка на мојот брат и живее во Америка. Последен пат ја видов кога имаше две години, сега веќе е голема девојка и наполни девет години. Многу ми недостига, ова е во нејзина чест – вели Малиша.

Коронавирус