среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 70
home Познати

„Нашите деца се мета на терористички групи и имаме една молба“ – загрижувачка порака од Џорџ и Амал Клуни

„Нашите деца се мета на терористички групи и имаме една молба“ – загрижувачка порака од Џорџ и Амал Клуни

Холивудскиот актер Џорџ Клуни преку отворено писмо ги замоли медиумите да не објавуваат фотографии со лицата на неговите две деца.

Оскаровецот вели дека такви фотографии ги загрозуваат животите на неговите деца поради професијата на неговата сопруга. Амал Клуни е адвокатка за заштита на човекови права, поради што, како што наведува глумецот во писмото, е мета на терористички групи.

Неговото писмо го објавија повеќе угледини медиуми, како „Вараети“, „Холивуд рипортер“ и „Дедлајн“.

Клуни вели дека тој и неговата сопруга не користат социјални медиуми и се заштитнички настроени кон приватноста на нивните четиригодишни син и ќерка.

„Јас сум јавна личност и ги прифаќам често навредливите фотографии кои се дел од цената што ја плаќам поради мојата работа. Мојата сопруга често се соочува и поднесува обвиненија против терористички групи. Но, нашите деца не се виновни за тоа. Ние не можеме да ги заштитиме ако им ги објавувате лицата“, стои, меѓу другото, во писмото.

Најнови вести

Коронавирус