сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 16
home Познати

Нашето пријателство веќе нема да биде исто: Најдобриот пријател на Шумахер откри шокантни детали за возачот од кои ќе ви се распука срцето

Нашето пријателство веќе нема да биде исто: Најдобриот пријател на Шумахер откри шокантни детали за возачот од кои ќе ви се распука срцето

Возачот на Формула 1 Михаел Шумахер пред една година излезе од кома и е префрлен на понатамошно лекување во својот дом.

Од тогаш па до денес фановите многу малку информации добиваат за него, но овој пат неговиот близок пријател Жан Тод во јавноста изнесе детали во врска со неговата здравствена состојба.

Тод кој е еден од најдобрите пријатели на возачот и е еден од малкумината кои имаат пристап до него во оваа здравствена состојба ги шокираше слушателите на „Радио Монте Карло“ каде открива дека Михаел со бори со поддршка на своето семејство, но и дека неговото пријателство со возачот повеќе нема да биде исто како претходно.

-Нашето пријателство не може да биде исто како што беше некогаш, тоа е така исклучиво затоа што не може возачот да комуницира како претходно. За Михаил се грижат многу добро и живее со семејството измеѓу Женева и Лозана. Во оваа борба со животот него му помага само позитивната мисла, а неговото семејство во секое време од денот е достапно за него, вели тој.

Инаку за возачот се снима и документарен филм кој јавноста го очекува со нетрпение како би се откриле повеќе детали од неговата здравствена состојба.