вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Познати

„Направи ми дете, ќе ти платам 20 милиони долари“: Мадона со непристојна понуда до Денис Родман

„Направи ми дете, ќе ти платам 20 милиони долари“: Мадона со непристојна понуда до Денис Родман

Контроверзниот кошаркар Денис Родман во интервју за „The Breakfast Club”, откри дека имал непристојна понуда од славната  пејачка Мадона со која бил во врска во 1994-та година.

Некогашниот НБА шампион во Детроит и Чикаго  во интервјуто открил детали од односот со ѕвезда Мадона.

-Ми рече дека ќе ми плати 20 милиони долари ако и направам дете и ако таа успешно роди. Таа беше во Њујорк во својата куќа, а јас бев во казино. И кажав дека ќе дојдам, а Мадона испрати авион по мене. Дојдов кај неа ја завршив работата и се вратив во Лас Вегас да се коцкам, изјави во интервјуто ексцентричниот Родман.