вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Познати

Најзгодниот дедо на светот и неговата двојно помлада девојка добија ќерка (ФОТО)

Најзгодниот дедо на светот и неговата двојно помлада девојка добија ќерка (ФОТО)

53-годишиот Џанлука Ваки кој важи за најзгоден дедо на светот, открил дека неговата двојно помлада девојка, 25-годишната манекенка Шерон Фонсека, родила девојче.

Италијанскиот плејбој во вторникот открил на Инстаграм дека станал татко, а девојчето го нарекле – Блу Ерусалема Ваки.

– Таа е тука со нас. Шерон и јас сме среќни што можеме да ве известиме дека утрово се роди нашата ќерка – Блу Ерусалема Ваки. Му благодарам на Бога што е здрава и едноставно веќе ја сакаме повеќе од животот, напишал милионерот.

Манекенката ја споделила истата фотографија на својот профил и напишала дека се благодарни и благословени.

„Нашата ќерка е тука и не можеме со зборови да го опишеме ова искуство и сите емоции кои ги чувствуваме“.

Само еден ден пред породувањето, Џанлука и Шерон објавија видео од болницата на кое заедно танцуваат за „да го мотивираат бебето конечно да излезе“.

 

View this post on Instagram

 

In The delivery room trying to help her to come out …but i start thinking she doesn’t want to see me😂 @sharfonseca ❤️

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi) on

Извор: Кармин.точка.ком.мк

Коронавирус