вторник, 23. април 2019. Вести денес: 116
home Познати

Најжестоки критики за изгледот: Ѕвездата се појави во ова парче, па стана хит на Твитер (ФОТО)

Најжестоки критики за изгледот: Ѕвездата се појави во ова парче, па стана хит на Твитер (ФОТО)

Таа покрај што носеше контроверзна тоалета на црвениот тепих, сочно се бакнуваше со партнерот.

Некои нејзиниот фустан го споредија дури со женски полов орган.

Карди Би е една од најголемите ѕвезди во музиката, па 26-годишната раперка одлучи да остави впечаток во тој стил на Греми наградите во Лос Анџелес.

Таа се појави во друштво на нејзиниот сопруг Офсет со кого постојано се скарува и смирува. Карди ја доби наградата за најдобар рап албум.

Раперката носеше ексцентрична тоалета со бисери и сатен од 1995 година од францускиот дизајнер Тиери Муглер, која предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Некои луѓе ја споредуваа со божица, додека некои со вештерка од ликовите на Дизни.