Џина Стујарт, позната како „најсексапилната баба во светот“, лансира топлес календар за 2021 година, наменет за нејзините обожаватели. На Instagram може да се види како ќе изгледаат дел од фотографиите.
50-годишната Џина сака со убаво да ја започне годината, а нејзиниот топлес дигитален календар, кој чини 25 долари, ја има токму таа цел.
View this post on Instagram
Стујарт е прилично активна на социјалните мрежи, но нејзините објави не минуваат без инцидент. На Instagram беше отстранета нејзина топлес фотографија, а потоа таа објави и втора, прашувајќи дали овој пат оваа фотка е добра или е премногу жешка за на Instagram.
Потоа, Стујарт повторно се налути откако нејзините видеа на TikTok беа цензурирани по само 24 часа од објавувањето. Но, TikTok има јасни правила дека не е дозволено објавување на сексуално експлицитна содржина.
Можеби Џина не знае како да ги користи социјалните мрежи, но вели дека успева да го привлече вниманието на обожавателите, овозможувајќи им да уживаат во нејзините секси фотографии и видеа.
View this post on Instagram