недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Најпопуларниот јутјубер загина при параглајдинг

Најпопуларниот јутјубер загина при параглајдинг

Најпопуларниот jутјубер, Грант Томсон, кој беше сопственик на каналот King of Random, загина во несреќа при параглајдинг во Националниот парк Sand Hollow State Park во американската држава Јута, потврди неговото семејство.

Триесет и осумгодишниот Томсон во понеделникот вечерта заминал на параглајдинг и не се вратил дома. Полицијата вчера го нашла неговото тело.
Томсон се занимавал со параглајдерство пет месеци, но пред тоа скокал со падобран и ги сакал сите други екстремни активности во воздух.

Неговиот Јутјуб канал е еден од најпопуларните со 11 милиони корисници и над две и пол милијарди прегледи. Тој на Јутјуб снимал различни експерименти и трикови, кои станаа многу популарни.

Коронавирус