Двејн ,,Карпата” Џонсон објави дека тој и неговото семејство биле позитивни на коронавирус.
Најплатениот актер на светот вели дека тој, неговата сопруга и двете ќерки се заразиле со коронавирус и покрај тоа што се придржувале до мерките за претпазливост. „Ова е една од најпредизвикувачките и најтешките работи со кои моравме да се справиме како семејство“, рече актерот, додавајќи дека го добиле вирусот „пред две и пол до три недели“.
-Закрепнуваме, веќе не сме заразни и сме здрави, објасни тој.
Неговите ќерки Џасмин и Тијана имаат четири и две години.
Актерот вели дека се заразиле од блиски семејни пријатели кои не знаеле дека се заразени.
-Среќни сме затоа што знаеме дека не е секогаш случај на крајот на ковид-19 да излезете посилни и поздрави, додаде тој, повикувајќи ги сите да носат маски и дека тоа не е политичка порака.
-Тоа нема никаква врска со политиката. Носете маски. Тоа е вистинската работа, рече тој.