сабота, 6. август 2022. Вести денес: 60
home Познати

Најмистериозната смрт на балканската естрада: Неговото тело никогаш не е најдено, а во прошталното писмо има само ПЕТ ЗБОРЧИЊА

Најмистериозната смрт на балканската естрада: Неговото тело никогаш не е најдено, а во прошталното писмо има само ПЕТ ЗБОРЧИЊА

Душан Костиќ беше популарен пејач на народна музика, а почина на 13 мај 1996 година.

Неговата смрт е обвиткана со мистерија и 25 години подоцна. За деталите и денеска се зборува и многумина се уште ги вознемирува страшниот настан.

„Тоа беше на 13.05.1996 година околу 18:50 часот“, се вели во кусиот полициски извештај.

Таму се наведува дека Душан бил „виден како ја прескокнува оградата на мостот Панчевац, меѓу столбовите 39 и 41, од каде никогаш повеќе не се појавил жив“.

Единствен очевидец на скокот од мостот бил вработениот во ЖТП, Саша Вељковиќ, кој во полиција изјавил дека се уште не е сигурен дека човекот кој се самоуби тој ден е всушност пејачот кој бил славен.

Телото на Костиќ никогаш не беше пронајдено и тоа беше доволна причина за шпекулации и приказни.

Според една верзија, Душко бил убиен, а неговото самоубиство било исценирано за да се прикрие злосторството. Имаше и такви кои веруваа дека пејачот бил во депресија кога се самоубил бидејќи не можел да си ја врати славата.

Третата верзија, пак, е секако најчудната – Душко самиот си го исценирал своето самоубиство, по што побегнал во странство поради огромни долгови.

Инаку, неколку дена по трагедијата, на адресата на неговата сопруга Невенка, но и на куќата на родителите на Душко во Лесковац, пристигна кратко писмо во кое се вели:

„Те сакам многу, прости ми“.

На пликот немаше ниту потпис ниту печат.

Коронавирус