петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 83
home Познати

Најголемиот хит на Цеца не е посветен на Аркан, туку на овој познат Србин со коj за малку не се омажила (ФОТО)

Најголемиот хит на Цеца не е посветен на Аркан, туку на овој познат Србин со коj за малку не се омажила (ФОТО)

Цеца Ражнатовиќ има повеќе од успешна кариера, а старите хитови и ден денес се пеат. Секако една од најпознатите песни на Цеца е „Пустите ме да га видим“ од 1990. година, а поради оваа балада публиката на сите концерти рони солзи.

Меѓутоа она што е помалку познато е тоа на кого ја посветила оваа песна Цеца. Иако години наназад се зборува дека песната му е посветена на Аркан, вистината е дека се работи за друг човик. Се работи за поранешен дечко на Цеца, фудбалер на Црвена Ѕвезда Владан Лукиќ.

Како што се зборува, Цеца и Владан наводно биле и верени, а до разделба дошло поради заминувањето во војска на Владан.

Кога ќерката на Владан правела свадба на веселбата пеела Цеца и тогаш проговорила за врската со Владан.

-Јас дојдов тука преку врска од 30 години, кога јас и Владан се запознавме, тој знаеше со кого треба да се забавува, со пејачка. Шала на страна, Сара сакала денеска да пеам јас. Гледам дека сте добро расположени – искоментирала Цеца.

Коронавирус