четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Најбогатиот маж на светот не ги тргнува рацете од љубовницата: Паради неа ја остави жената која го сакаше и кога немаше пари!

Најбогатиот маж на светот не ги тргнува рацете од љубовницата: Паради неа ја остави жената која го сакаше и кога немаше пари!

Најбогатиот човек во светот и основач на „Амазон“, Џеф Безос (55), во моментов ужива на крстарење на Медитеранот на луксузна јахта, со својата девојка Лорен Санчез (49).

Двојката во моментот е стационирана во Венеција, каде уживаат во шопингот и романтичните прошетки, при што папарацо фотографите ги следат во секој чекор, а имаат и што да видат.

Имено, Безос и Санчез буквално не ги симнуваат рацете еден од друг, па на скоро сите фотографии разменуваат нежни допири, бакнежи и насмевки. Очигледно е дека оваа љубов ги радува и дека тие се задоволни што конечно можат да ја покажат пред целиот свет, бидејќи некогаш беше тајна.

Имено, тие за прв пат се појавија во јавност како двојка на овогодинешниот Вимблдон, три месеци откако беше објавено дека овој милијардер се разведува, токму поради атрактивниот Лорен.

Безос објави дека се разведува од својата сопруга на 4-ти април, ставајќи крај на бракот кој траеше цели  25 години.

Само еден ден подоцна, 49-годишната Лорен откри дека ставила крај на претходниот брак со Патрик Витсел.

Безос скапо ја плати својата слобода и можноста слободно да ужива во љубовта со Лорен. Разводот го чинеше 38,3 милијарди долари, како и 19,7 милиони акции од Амазон.

Но, очигледно, овој финансиски удар не му падна тешко, бидејќи тој неодамна купи три луксузни апартмани на „Петтата авенија“, кои ќе ги комбинира во еден.