петок, 31. март 2023. Вести денес: 47
home Познати

Најавија принова во семејството: Ана Николиќ и Раста со фотографија ги изненадија фановите (ФОТО)

Најавија принова во семејството: Ана Николиќ и Раста со фотографија ги изненадија фановите (ФОТО)

Познатиот српски пар Ана Николиќ и Раста пред една година станаа родители на малата ќерка Тара, а по кратката криза во бракот тие повторно продолжија да живеат заедно.

Парот во текот на вчерашниот ден објави уште една радосна вест која го израдува целото семејство.

-Никоја количина на евра, злато, „Версаче“, Мерцедеси и луксуз не може да го замени раѓањето на едно дете, напиша Раста на својот Инстаграм профил.

Тој со фановите сподели и фотографија на која напиша дека братот на неговата сопруга Ана, Марко Николиќ станал тато и добил син, а воедно тој станал тетин.