среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 37
home Познати

Надал на својата свадбата ќе има посебен оброк, а еве што ќе јадат неговите гости

Надал на својата свадбата ќе има посебен оброк, а еве што ќе јадат неговите гости

На шпанскиот тенисер Рафаел Надал му дојде преку глава од ергенскиот живот и реши да се жени. Негова избраничка е Циска Перело, со која е во врска веќе 14 години, а се верија лани, во мај, во Рим.

Според шпанскиот тв канал „Телекинко“ парот планира да се венча следниот месец на Мајорка, а веќе е најавено дека тоа ќе биде свадба на годината. Родниот град на Рафа, Манакор во Мајорка е наведен како можна локација за одржување на нивната венчавка.

Во јуни се очекува на островот да пристигнат 500 гости. За менито ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кике Дакоста, известила новинарка која го следи шоу бизнисот и додала дека 30-годишниот тенисер ќе ужива во посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од останатите гости за кои што е планирано традиционално шпанско мени на база на месо и риба.

Најнови вести

Коронавирус