среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 169
home Познати

Над 4.000 новозаразени во Србија, од Ковид-19 починале 49 лица

Над 4.000 новозаразени во Србија, од Ковид-19 починале 49 лица

Според последните информации, во Србија се регистрирани 4.080 нови случаи на Ковид-19.

Од последиците на вирусот починале 49 лица.

Во последните 24 часа се тестирани 16.022 лица, а 2.171.387 од почетокот на пандемијата.

Во болница се наоѓаат 9.661 лица, а 313 се на респиратори.

Стапката на смртност во Србија е 0.90 отсто.

Во текот на денешниот ден на белградскиот аеродром е преземана вакцината на „Фајзер“ против коронавирус.

Исто така, учениците во цела Србија од петок се на зимски распуст, дали ќе се вратат на настава на 18 јануари зависи од епидемиолошката ситуација.

Коронавирус