недела, 2. април 2023. Вести денес: 36
home Познати

На жените оваа вест нема да им се допадне: Згодниот Крис се повлекува од актерскиот свет

На жените оваа вест нема да им се допадне: Згодниот Крис се повлекува од актерскиот свет

Крис Хемсворт (35) одлучи да се повлече од актерскиот свет на подолго време, со што ги изненади обожавателите во светот.

Причината за повлекување е неговата желба да се посвети повеќе на неговата сопруга, актерката Елса Патаки (42) и децата.

-Оваа година веројатно нема да снимам ништо. Едноставно, сакам да бидам дома со децата. Сега се наоѓаат во многу важна возраст. Тие сè уште се мали, но свесни се повеќе отколку порано дека ме нема, рече актерот.