петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Познати

„На свадбата ќе дојдат 500 гости“: Лепа Брена го жени најмладиот син

„На свадбата ќе дојдат 500 гости“: Лепа Брена го жени најмладиот син

Најмладиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, реши да стапне на лудиот камен со својата девојка Сандра Миjаковиќ, но исто така откри дека ниту тој, ниту неговата идна сопруга не сакаат скромна венчавка.

Виктор и Сандра сакаат свечена венчавка, со 500 гости, поради што венчавката, поради моменталната епидемиолошка состојба, ќе се организира следната година.

– Планираме голема прослава со 500 гости, нас Живојиновиќ нѐ има многу, затоа мора да најдеме голем простор на отворено. Нема да правиме свадба додека не се смири ситуацијата со коронавирусот, на мене и на Сандра не ни е проблем да чекаме, ние се однесуваме како да сме веќе во брак , изјави Виктор Живојиновиќ за медиумите.

Најнови вести

Коронавирус