четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 141
home Познати

На свадба иста песна пеела дури 47 пати! Теа Таировиќ добила бакшиш од 14.000 евра – рацете и биле полни со пари

На свадба иста песна пеела дури 47 пати! Теа Таировиќ добила бакшиш од 14.000 евра – рацете и биле полни со пари

Благодарение на само еден нејзин хит на ромска свадба во Германија, Теа Таировиќ заработила 14.000 евра во една вечер! Гостите ја замолија пејачката да ја отпее песната „Ајде“ дури 47 пати, а за тоа добро ја почастија.

– Теа имаше тезга на ромска свадба во Берлин во саботата. Кога ја испеа „Ајде“, сите скокнаа и почнаа да и даваат евра! Нејзините раце беа полни со пари. Сите само таа нејзина песна ја нарачуваа. Јас броев, таа ја пееше „Ајде“ дури 47 пати! На крајот на вечерта слушнав дека добила бакшиш од 14.000 евра – вели еден од гостите кои ја снимиле Теа додека пеела украсена со пари.

Покрај Теа, свадбената веселба ја забавуваа и Радиша Трајковиќ Џани, Љупка Стевиќ и групата „Џогани“. Сите заедно не заработиле колку самата Теа.

– Џоле Ѓогани беше многу нерасположен. Му беше жал што Теа цела вечер ја пееше истата песна и за тоа доби многу пари. Од друга страна, Џани и Љупка цело време се радуваа додека Теа пееше – рекол извор за „Информер“.

Ова не е првпат младата пејачка да добие бујна цифра за една вечер, особено за песната „Ајде“ која има дури 49 милиони прегледи на Јутјуб! Таа во јули на приватна прослава за само три минути добила дури 3.000 евра.

– Не е се во парите, кратко изјави тогаш фолкерката.

Коронавирус