недела, 5. јули 2020. Вести денес: 101
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Познати

На социјалните мрежи има 620.00 следбеници, но… – „Да ме прашате колку е 8х2, ниту тоа не би го знаела“

На социјалните мрежи има 620.00 следбеници, но… – „Да ме прашате колку е 8х2, ниту тоа не би го знаела“

Скај Витли има само 26 години, таа е манекенка и инфлуенсерка, а сега многумина шокирала со признавањето дека не знае колку е 8х2.

Во видеото на Јутјуб, како што прават многу инфлуенсерки, Скај одговарала на прашања од следбениците, а насловот на видеото бил ‘претпоставки за мене’. Таа признала дека никогаш не го сакала училиштето и дека не ги совладала основите на математиката.

Скај, која на Инстаграм ја следат 620.000 корисници, себеси се опишала како личност која секогаш мразела училиште и учење, пренесува „Дејли Мејл“.

„И знаете зошто ја мразев? Бидејќи не ја совладав. Математика ми беше најтежок предмет. Да ме прашате колку е 8х2, ниту тоа не би го знаела“, рекла Скај, која е мајка на едно дете.

Иако многумина биле во неверување по нејзината изјава, имало и такви кои ја поддржале бидејќи била искрена.

Таа пред 6 години учествувала во „Big Brother“ во Австралија, а потоа станала инфлуенсерка. Вели дека имала многу комплекси, па ги ‘решавала’ кај пластичен хирург, иако сега мисли дека требало да оди на терапија. Ги оперирала градите, носот, ги зголемила усните, ја исфарбала косата, ги избелила забите…

Парламентарни избори 2020