четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 133
home Познати

На Северина ѝ се заканува апсење? Еве што вели нејзиниот менаџер за тоа

На Северина ѝ се заканува апсење? Еве што вели нејзиниот менаџер за тоа

Северина Којиќ наводно не се појавила на неколку закажани судски рочишта во Загреб со својот бивши партнер Милан Поповиќ поради што е издаден налог за нејзино апсење.

Имено, хрватската пејачка и нејзиниот сопруг Игор Којиќ требало да се појават во Општинскиот граѓански суд во Загреб на судењето со таткото на детето на Северина, Милан Поповиќ, по повод забраната да објавуваат фотографии од малолетниот Александар на социјалните мрежи, но сопружниците го избегнале рочиштето.

Најдобриот пријател и менаџер на пејачката, Томислав Петровиќ, во изјавата за „Свет“ вели дека неговата штитеница никој нема да ја уапси:

-Тоа се глупости. Не постои налог за приведување, ниту е возможно такво нешто во Хрватска при парнична постапка.

Милан Поповиќ вчера му доставил на судот нови фотографии од неговиот син Александар, кои Северина изминативе неколку дена ги објавила на својот инстаграм-профил.