недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Познати

На сцена е рокер по кого лудуваат жените, дома е посветен сопруг и татко на четири деца

На сцена е рокер по кого лудуваат жените, дома е посветен сопруг и татко на четири деца

Џон Бон Џови говореше за љубовта на својот живот и бракот долг 30 години.

„На сцена, јас сум рок-ѕвезда. А дома сум татко на четири деца и сопруг. Дома воопшто не се однесувам како ѕвезда!“

Тој е веќе 30 години во брак со неговата сопруга Доротеа со која има четири деца. Рокерот вели дека никогаш не зажалил што избрал приватно да биде сопруг, а не рок-ѕвезда.

Во 1989 година, тој се оженил со својата средношколска љубов во Лас Вегас. Многу обожавателки тогаш тагувале, но тоа не го поколебало во неговата одлука. Бон Џови и денеска е среќен со семејниот живот.

Неговите колеги, на негови години веќе се женеле и разведувале и по неколкупати.

„Тоа не е за мене. Го разбрав бракот и првиот пат“, одговара тој.