вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 21
home Познати

На последното испраќање на Марина Туцаковиќ сите присутни ќе мора да покажат сертификат за вакцинација

На последното испраќање на Марина Туцаковиќ сите присутни ќе мора да покажат сертификат за вакцинација

Синот на покојната Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ, објави изјава од семејството на социјалните мрежи, во која се наведува дека датумот на погребот ќе се објави по викендот, а ќе се одржи во кругот на семејството и најблиските пријатели, почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки.

„Со цел да ги испочитуваме нејзините последни желби и да ги заштитиме нашите најблиски од епидемијата, на ниво на семејство, решивме погребот да го одржиме исклучиво за најблискиот круг пријатели и роднини. Бројот на присутните во капелата нема да надмине 10, со задолжителен сертификат за вакцинација и почитување на сите мерки. Апелираме до сите што сакаа да присуствуваат на погребот да останат во своите домови, и да и оддадат почит на Марина слушајќи ги нејзините песни, и интимно да се збогуваат со неа. Комеморацијата ќе се одржи по 40 дена за пошироката јавност, за да може секој да се збогува со неа. Ви благодарам на сите за разбирањето. Ожалостените, Александар и Милан Радуловиќ“ – се наведува во соопштението.

Најнови вести

Локални избори 2021