недела, 9. мај 2021. Вести денес: 54
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home Познати

На децата им реков да не кажуваат дека сум им мајка

На децата им реков да не кажуваат дека сум им мајка

Една од најпознатите водителки во поранешна Југославија, Сузана Манчиќ со жалење се сеќава на тешката ситуација во која се наоѓаше откако во 2005 во јавноста излезе нејзината домашна секс снимка.

Тогаш, снимка на која се гледа како Манчиќ води љубов со поранешниот сопруг предизвика вистинска бура во јавноста.

Никогаш не се дозна кој ја објавил секс-снимката, а Манчиќ (64) сега за српските медиуми признава дека се разболела од силниот стрес.

Никој не ми помогна, освен неколку пријатели и децата. Во еден момент им реков никому да не кажуваат дека сум нивна мајка, а мојата Наталија ми рече: „Горда сум што си моја мајка“. Тоа се некои работи што ве воздигнуваат. Никогаш не знаете што ве чека во животот, но мора барем пред себе да бидете чисти. Од силниот стрес имав зголемен холестерол, добро поминав, можеше да биде и многу полошо – раскажува Манчиќ.

Таа вели дека во тоа време ѝ било исклучително тешко, со оглед на тоа што поради смртта на нејзината мајка, веќе била емоционално разнишана.

Се чувствував како да ме обесиле гола среде Теразије. Поради смртта на мајка ми, јас веќе бев емотивно потресена, а моите две девојчиња беа во критичните години на пубертетот. Тие требаше да одат на училиште, а јас морав секој ден да излегувам на улица. Се чувствував засрамено и никогаш не ми било потешко во животот, а уште потешко ми беше, затоа што некои тврдеа дека самата јас сум го објавила видеото во јавноста – вели водителката.

Во тоа време, атрактивната Сузана веќе пет години се гледала со грчкиот банкар Симеон Оцомокос, нејзиниот сегашен сопруг.

Коронавирус