понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 160
home Познати

На Дара – Бубамара и синот и љубовникот и се во пубертет (ФОТО)

На Дара – Бубамара и синот и љубовникот и се во пубертет (ФОТО)

Фолкерката Дара – Бубамара доживува нова младост. До душа, којзнае која по ред…. Не се крие и јавно се забавува со 24 години помладо момче, а нејзините колеги и се чудат. Имено, разликата помеѓу синот и момчето на Дара е едвај нецели 10 години!

„Искрено, не можам да го замислам мојот син Мирко со жена која е постара од него 24 години. Но, од друга страна, не можете да му забраните на некој да се сака. Исто така, и јас секој ден добивам пораки, мажите ми се додворуваат, ми испраќаат цвеќе, се јавуваат. Кога проверувам колку години имаат, тоа е се до 30, па си велам: ‘Мајко мила, дали ќе се појави некој повозрасен маж, што да правам со деца?“

„Плус тоа, мојот син Мирко би полудел ако направам такво нешто. Тој не би прифатил  негов врсник да биде мое момче и негов очув. Ма какви…“ – искрена е пејачката Гоца Божиновска која ја коментира врската на Дара, додекаа почитуваниот српски психијатар д-р Јован Мариќ објаснува:

„Таа врска не може позитивно да влијае на нејзиното дете. Во заблуда е ако мисли дека можат да се дружат. Синот нема да прифати дека некое момче, речиси негов врсник спие со неговата мајка. Можеби и нејзиното дете и партнерот и се во пубертет. Таа е невнимателна мајка која може да предизвика последици врз нејзиниот син. Постарите жени не можат да ги вртат децата околу малиот прст, бидејќи биолошката предност е на страната на помладиот, а тој доминира затоа што знае дека му претстои живот’ – вели овој експерт и наведува дека имал слични примери во праксата.

Коронавирус