понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 62
home Познати

На Ана Николиќ и фрлиле црна магија, па затоа била дебела- откако гатачката и ја дала оваа течност да ја пие, буквално се „стопи“ (ФОТО)

На Ана Николиќ и фрлиле црна магија, па затоа била дебела- откако гатачката и ја дала оваа течност да ја пие, буквално се „стопи“ (ФОТО)

Пејачката Ана Николиќ е убедена дека сите лоши работи кои и се имаат случено изминатиот период се во знак на нешто што најмалку пејачката очекувала дека ќе и се случи.

Таа верува дека по бурниот период и по разводот со раперот Стефан Ѓуриќ како и напорниот период за да ослаби на неа и било фрлено црна магија.

Таа проба на сите начини да се врати на старите патеки и да заблеска како некогаш, но тоа не и оди од рака, по што пејачката е убедена дека станува збор за црна магија, објавуваат српските медиуми.

Тие додаваат дека пејачката пробала да се консултира со многу стручњаци кои се медицински ориентирани и барала совет од нив, но изгледа дека било се залудно, па побарала вистинска помош кај гатач.

-Ана никогаш не посетувала такви работи, но една жена многу и помогна околу тоа, по што таа и рекла: „Добро е што дојде, не знам зошто досега си чекала, никогаш нема да ослабиш бидејќи имаш проблем со хормоните, а тоа со лекови и терапија можеш да го лекуваш и до 10 години. Јас ќе ти помогнам да се ослободиш од тоа“, вели извор близок до пејачката.

Таа од гатачката добила и лековита вода која содржела некаков раствор и тревки, а тоа би требало да и помогне во борбата со килограмите.

-Во врска со разводот, поранешна девојка на Раста му фрлила црна магија бидејќи таа не можела да се помири дека Ана го зазела нејзиното место. Па дејството на магијата секогаш било караници и војна во нивниот дом. Пејачката остана фрапирана кога гатачката ја прашала дали пред вратата од домот пронашла замотана коса и капки крв, што било вистина и тоа се случило пред таа да остане бремена, но не му дала значење на тоа, раскажува изборот.

Сепак доказ дека оваа црна магија полека е разбиена, се фотографиите на кои пејачката покажува дека започнала драстично да слабее.

Коронавирус