недела, 15. септември 2019. Вести денес: 75
home Познати

На 6-годишна возраст позираше за „Вог“: Денес наполни 18 години и ужива на Карибите со момчето (ФОТО)

На 6-годишна возраст позираше за „Вог“: Денес наполни 18 години и ужива на Карибите со момчето (ФОТО)

Некогаш најубавото девојче на светот, Тајлен Блонду, го прослави 18-тиот роденден и стана убава девојка која ужива на плажа со момчето.

Тајлен е во моментов на Карибите со момчето, Ди-Џејот Милане Мерите.

Двајцата уживаат, па така младата Французинка, која повеќе од една деценија е во шоу бизнисот, не ја симнува насмевката од лицето.

Блонду ја стекна светската слава како шестгодишно девојче кога се појави на насловната страница на магазинот Вог.

Освен тоа, беше детска манекенка за познатите модни брендови како Долче и Габана и Л’Ореал . Сега има и своја модна линија Heaven May.