среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 80
home Познати

На 100-годишна возраст почина Сер Том Мур, ветеран од втората светската војна откако бил позитивен на коронавирусот

На 100-годишна возраст почина Сер Том Мур, ветеран од втората светската војна откако бил позитивен на коронавирусот

Капетанот Сер Том Мур, ветеран од втората светска војна, кој собра скоро 39 милиони фунти за NHS добротворни цели за време на првото коронавирус заклучување во пролетта 2020 година, почина на 100-годишна возраст откако беше позитивен на тест за коронавирус.

Информацијата за неговата смрт ја потврдија неговите ќерки, Хана и Луси.

– Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот драг татко, капетанот сер Том Мур. Ние сме толку благодарни што бевме со него во последните часови од неговиот живот, изјавиле тие.

Мур бил примен во болницата во Бедфорд во неделата откако подолго време бил лекуван од пневмонија и минатата недела бил позитивен на тестот за Ковид-19.

Во изјавата објавена на страницата на ветеранот на Твитер истиот ден, неговото семејство изјави дека тој бил лекуван дома до недела кога му била потребна дополнителна помош при дишењето.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија