петок, 25. септември 2020. Вести денес: 169
home Познати

Мустафа Надаревиќ повторно во болница: Легендарниот актер се бори со канцерот на белите дробови (ФОТО)

Мустафа Надаревиќ повторно во болница: Легендарниот актер се бори со канцерот на белите дробови (ФОТО)

Мустафа Надаревиќ, кој се бори со рак на белите дробови, во моментов повторно е во болница.

Повозрасните гледачи го знаат по неговите маестрални улоги во многу екс Ју филмови, додека помладите го запознаа ка Изет од хумористичниот босански ТВ серијал „Луд, збунет, нормален“.

„Јас сум во болница, сега не би зборувал за ништо“ – рекол кратко Надаревиќ, запрашан што се случува.

Во врска со информацијата дека во БиХ ќе се емитуваат нови продолженија на серијата „Луд, збунет, нормален“, актерот побарал разбирање, пишува босанскиот портал „Аваз“.

Актерот претходно оваа година објави дека се бори со рак на белите дробови, но дека има волја да ја надмине и победи опаката болест:

„Кога сфатив дека и болеста е дел од животот, тогаш ја прифатив. А, кога прифаќате нешто со љубов, тогаш може да се надмине и малигна болест“- изјавил тој за Медиа сервис во времето кога медиумите обзнанија за прв пат со каква болест се соочува и каква е здравствената состојба на актерот.

Коронавирус