петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Познати

Му посветила песна на починатиот син која е голем хит – доколку ги анализирате зборовите детално, ќе ја сфатите тажната судбина на Туцаковиќ

Му посветила песна на починатиот син која е голем хит – доколку ги анализирате зборовите детално, ќе ја сфатите тажната судбина на Туцаковиќ

Балканската музичка сцена веќе трет ден се опростува од најголемиот текстописец на сите времиња Марина Туцаковиќ, а по тој повод медиумите се потсетуваат на сите нејзини изјави дадени во јавноста.

Во една своја прилика таа открила и дека му посветила песна на својот прерано починат син.

Имено додека во минатото се крена прашина околу песната на Наташа Беквалац „Илјада нула“ која некои медиуми тврдеа дека токму Марина му ја посветила на синот, таа уште тогаш го демантираше тоа.

Марина тогаш велеше дека не знае од каде е информацијата дека токму „Илјада нули“ е посветена на нејзиниот син.

-Воошто не е точно дека оваа песна е посветена на Милош. Тоа е песна посветена на Хана, која Наташа ја нарекува сине мој – рекла тогаш Марина.

Таа тогаш тврдеше дека има песна посветена на син ѝ, но дека тоа е песната „Мишо мој“, која ја пее Ана Николиќ.

-Песната ја пишував во најтешкиот период од животот, кога го загубив синот. Долго мислев кој би можел овие силни емоции да ѝ ги пренесе на публиката и изборот падна на Ана – рекла Марина. Нејзината тага е посебно видлива во стиховите: Не можам веќе да ја сокријам болката, не помагаат ни таблетите ни целиот алкохол. И плачам Мишо мој, плачам пред туѓинците, вкусот на тага сѐ уште тече низ моите непца.

Најнови вести

Локални избори 2021