среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Познати

Му ги искрши автомобилите и заврши во болница- српската пејачка не можеше да се помири од тоа што го дозна по 10 годишната врска

Му ги искрши автомобилите и заврши во болница- српската пејачка не можеше да се помири од тоа што го дозна по 10 годишната врска

Српската пејачка Љупка Стевиќ (35) доцна синоќа среде Белград му ги уништила двата автомобила на полицискиот полковник Драгиша Симиќ, инаку нејзин долгогодишен партнер.

Во видеото кое се појави по српските медиуми се гледа како таа го уништува прво едниот, па потоа и другиот паркиран автомобил. Стевиќ со тврд предмет прво го уништила возилото ауди А6, а потоа бесот го истурила и врз тојата ленд крузер.

По инцидентот таа завршила во болница со рака во гипс, и порачала – „Ова е само почеток!“

Интересно е дека и самата објавила снимки од оштетените возила, заедно со порака: – Вака завршува е*ач на батерии! Девојки бирајте кому му давате 10 години од својот живот.

Причина за инцидентот наводно било тоа што Симиќ бил оженет и не само што ја лажел дека ќе се разведе и ќе се ожени со неа, туку и неа и сопругата ги изневерувал со уште две други девојки.

Коронавирус