понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 105
home Познати

Му беше како роден брат: Српскиот пејач едвај го пушти ковчегот на легендарниот пејач да го спуштат во гробот (ФОТО)

Му беше како роден брат: Српскиот пејач едвај го пушти ковчегот на легендарниот пејач да го спуштат во гробот (ФОТО)
ФОТО: ТЕЛЕГРАФ.РС

Српскиот пејач Борислав Бора Дрљача денеска е погребан на градските гробишта во Белград, а од него се простија многуте колеги, пријатели и музички ѕвезди.

За медиумите една од најемотивните сцени беше кога неговиот пријател Ера Ојданиќ се фрли врз ковчегот и едвај го пушти тој да биде спуштен во неговиот гроб.

-Што да ви кажам, кога дознав дека го изгубив најдобриот пријател и естраден соработник бев во шок. Немав роден брат, а тој ми беше тоа, се дружевме 50 години. Ја пројдовме целата планета земја, Америка, Австралија, Канада и пошироко, раскажува тој.

На погребот присуствуваа и пејачите Цана, Гоца Лазаревиќ, Нада Топчагиќ, Мина Костиќ, Жељко Сашиќ, Иван МАринковиќ и многу други.

Коронавирус