недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 54
home Познати

Морничави детали од нејзиниот дом: Откако ја посети Јелена, Саша Поповиќ откри дека Карлеуша може да се самоубие!

Морничави детали од нејзиниот дом: Откако ја посети Јелена, Саша Поповиќ откри дека Карлеуша може да се самоубие!

Саша Поповиќ ја посети Јелена Карлеуша и при тоа затекнал навистина морничава глетка.

Како колега, пријател и како некој кој од недела во недела соработува со поп дивата Јелена директорот на Гранд продукција раскажа што се случувало кога отишол да и изрази сочувство поради смртта на нејзината мајка Дивна.

-Јас никогаш немам видено некој толку да жали за својата мајка. Бидејќи беше премногу врзана со неа, не знам. Јелена отсекогаш велеше „Мене мајка ми ако почине јас ќе се убијам“. Тоа беа некои нејзини зборови. Изгледаше баш лошо. Буквално 30 минути не ни зборуваше. Не можев ниту да разговарам со неа бидејќи беше во шок, едноставно ни збор не можеше да изговори. Дури потоа се опорави и успеав колку толку да направам муабет со неа. Ни јас не верував дека толку многу била врзана со Дивна, изјавил Саша.

Саша Поповиќ рекол и дека веста за смртта на Дивна Карлеуша дошла изненадно бидејќи таа само два дена претходно се смеела и било се во ред. Можеби поради тоа шокот кај Јелена е уште поголем.

-Тие пред само два дена беа на ручек во ресторан каде Дивна се смееше и само по 48 часа таа почина. Можете да замислите колку и е тешко на Јелена. Ние сите ја тешиме, но не знам како ќе се опорави. Но животот продолжува, а времето лечи се. Мислам дека Јелена треба да издржи,  додава директорот на Гранд.