сабота, 4. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Морав повторно да научам да пишувам, зборувам и одам: Емотивна исповед на Шерон Стоун

Морав повторно да научам да пишувам, зборувам и одам: Емотивна исповед на Шерон Стоун

Актерката Шерон Стоун на 43 години доживеа мозочен удар, а сега проговори за овој немил настан и колку и се променил животот.

Имено, Шерон во интервју откри дека морала повторно да научи да зборува, оди и да пишува. Актерката откри дека мозочниот удар кој и се случи во 2001 година и го променил животот.

Разговрајќи за своите омилени телевизиски емисии, таа откри дека најмногу ја погодила документарниот филм “My Beautiful Broken” Brain” бидејќи ја потсетил на нејзиното искуство.

„Во 2001 година имав мозочен удар и деветдневно краварање на мозокот кој потполно ми го промени животот“ вели актерката.

Стоун истакна дека ги изгубила речиси сите функции на левата страна и дека и била потребна една година за да ги научи истите вештини.

„Кога се вратив дома едвај можев да одам. Мојот колк беше нестабилен. Не можев да гледам со левото око, ниту да слушам со левото уво“ објасни Шерон.

„Не можев да го напишам моето име речиси три години. Не можев да ја кренам раката, па повторно морав да учам да читам и пишувам. Морав повторно да научам да зборувам“ вели актерката.

Коронавирус