четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 28
home Познати

Морала да забремени за да се спаси од пеколната болест – по четврти пат се породи ќерката на Синан Сакиќ, еве низ каква голгота поминала

Морала да забремени за да се спаси од пеколната болест – по четврти пат се породи ќерката на Синан Сакиќ, еве низ каква голгота поминала

Ќерката на покојниот пејач Синан Сакиќ, Џулкица Сакиќ Амзиќ во моментов со семејството живее во швајцарскиот град Базел, а сега на свет го донесе своето четврто дете.

Џулкица ја роди и четвртата ќерка, а среќната вест ја објави и нејзиниот брат Ален Сакиќ, за потоа да се огласи и самата таа.

-Повторно станав вујко, напиша Ален, а потоа започнаа честитките од сите страни.

Инаку таа пред неколку месеци си ја отвори и душата за српските медиуми откривајќи дека лекарите и откриле рак на матката, а истиот го спречува со бременоста.

– Лекарите во Базел ми дијагностицираа рана форма на рак на матка, но исто така ме советуваа дека е најдобро да останам во друга состојба, бидејќи бременоста може да ме спаси од понатамошен развој на карцином, хемотерапија, зрачење – рече Џуликица.  Тоа беше вистински шок за мене, но кога се освестив, сфатив дека тоа е добар излез од таа ситуација. Мојот сопруг Аљо се согласи со тоа, и јас треба да се породам во септември – рече таа, додавајќи дека сега се чувствува одлично и дека наскоро ќе добие четврта ќерка со нејзиниот сопруг.  Прво, не сакав да и кажам ништо на мајка ми, а потоа и реков дека сум бремена, но и причината зошто решив да останам бремена. Јас веќе имам три ќерки, а сега ја чекаме четвртата. Пресреќна сум поради тоа, и болеста се повлече – изјави таа за „Експрестаблоид“ неодамна.

Коронавирус