сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Млад обожавател му поставил прашање на Џои од „Пријатели”: Ќе се насмеете поради оваа детска искреност

Млад обожавател му поставил прашање на Џои од „Пријатели”: Ќе се насмеете поради оваа детска искреност

Иако од завршувањето на серијата “Пријатели” поминаа дури 15 години, актерот Мет Лебланк сѐ уште го препознаваат како популарниот Џои.

Бидејќи серијата е омилена и помеѓу помладите генерации, Мет имал средба со еден многу млад обожавател кој му поставил необично прашање и добро го насмеал.

“Пред неколку години одев по улица кога ми пријде едно дете од некои 13 години. Ме погледна и ме праша: Дали ти си таткото на Џои?”, раскажал Лебланк во текот на гостувањето во емисијата “Live with Kelly and Ryan”.

Мет во шоуто го објаснил и фактот како Моника можела да си приушти толку голем стан во близина на њујоршкиот Централ Парк, со оглед на нејзината плата.

“Бидејќи го наследила станот од нејзината баба која долго живеела таму, таа плаќала повластена кирија”, истакнал актерот.

А како Џои и Чендлер успевале да ја покријат својата станарина, засега сѐ уште не е објаснето.