петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 119
home Познати

„Мислев дека тоа е крај, дека нема да пеам веќе“, Драгана Мирковиќ прозборе за најтешкиот момент во кариерата

„Мислев дека тоа е крај, дека нема да пеам веќе“, Драгана Мирковиќ прозборе за најтешкиот момент во кариерата

Драгана Мирковиќ по долго време ја отворила душата и за својот живот искрено зборувала во една емисија.

Нејзината кариера трае веќе 37 години, а иако не ја симнува насмевката од лицето, признава дека имала многу тешки моменти.

-Најтешкиот момент апсолутно ми беше кога Тони пред три години имаше тешка операција. Се останато не е толку страшно. Тоа е се дел од младоста и дел од она што една личност ја гради и како себе си го прави патот, вели Мирковиќ во Амиџи шоу.

Драгана открива и дека најтешкиот момент во кариерата, која мислела дека ќе престане со пеењето, е смртта на нејзиниот менаџер.

-Најтежок и единствен момент во мојата кариера ми беше кога го загубив човекот кој ми беше менаџер, ментор, пријател, се’. Човекот кого го сакав како татко. Се однесуваше кон мене како кон свое дете. Кога почина бев потполно изгубена, мислев дека тоа е крај за мене. Не можам да верувам дека продолжив. Неговиот брат ми кажа дека мораме да го завршиме филмот, дека тоа останало од него, како аманет. Да не беше тоа, верувам дека ќе се повлечев, цели Мирковиќ.

Коронавирус