среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

Мислела дека болеста е само фаза: Преубавата манекенка почина од рак

Мислела дека болеста е само фаза: Преубавата манекенка почина од рак

Бразилската манекенка Нара Алмеида почина по долга борба со ракот, а ќе остане запаметена по својата позитивност иако и беше дијагностициран малиген тумор кој се проширил на другите органи.

Од моментот кога и е соопштено дека има рак на стомакот, во август 2017. година, популарната бразилска манекенка ја документираше својата борба за канцерот на социјалните мрежи.

Таа секојдневно на својот Инстаграм профил ги известуваше милионите следбеници за својата здравствена состојба, како и за своите терапии.

 

24-годишната манекенка пишуваше инспиративни објави и објавуваше за да покаже како навистина изгледа животот на луѓето заболени од рак.

За жал, таа пред два дена почина во болница во Сао Паоло во Бразил, а веста за смртта ја соопшти нејзиното момче, Педро Роха, со кого таа две години беше во врска.

-Нара почина синоќа, по голема борба. Ја сакав засекогаш покрај себе, но заслужи да се одмори, нејзината смрт ќе остави огромен простор во моето срце, но секогаш ќе живее со мене, ќе биде моја инспирација и помош да го гледам светот во поубаво свет, е дел од неговата емотивна порака која доби повеќе од два милиони лајкови.

 

Инаку, откако Нара ги добила вестите за својата болест, напишала порака која растажи многумина.

-Докторите потврдија дека мојот случај е тежок и оти веројатно нема лек. Но јас уште еднаш ќе повторам: Ова е само фаза. Сигурна сум дека ова не е крај, напиша таа на Инстаграм.

Коронавирус