петок, 7. мај 2021. Вести денес: 140
home Познати

Мишел Обама конечно откри: Еве што ѝ подари Меланија Трамп

Мишел Обама конечно откри: Еве што ѝ подари Меланија Трамп

Поранешната прва дама на САД Мишел Обама конечно по една година, откри што се наоѓало во сината мистериозна кутија од „Тифани”, што Меланија Трамп и ја подари на ден на инаугурацијата на Доналд Трамп за американски претседател.

-Тоа беше убава рамка за слика, рече Мишел при гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис.

Натаму, таа додаде дека тоа било вон протоколот. – Постои протокол. Тоа е на ниво на државна посета, па ти велат – направи го ова, овие стојат овде и друго… Никогаш претходно не се давал подарок во таа прилика, така што размислував што да правам со тоа, објасни Мишел Обама.

-Размислував дали да се сликаме со подарокот… А тогаш мојот сопруг „не спаси“. Ја зеде кутијата и ја тргна одзади, додаде Мишел Обама.

Коронавирус