вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 138
home Познати

Миранда од „Сексот и градот“ по осум години откри кој е татко на нејзиниот син

Миранда од „Сексот и градот“ по осум години откри кој е татко на нејзиниот син

Синтија Никсон која на јавноста и е позната по улогата Миранда во „Сексот и градот“ долго време чуваше семејна тајна.

Имено, Никсон осум години криеше кој е татко на нејзиниот син Макс. Меѓутоа, пред неколку дена таа одлучи тоа да го промени и да открие кој е таткото на нејзиниот наследник – костимографот Мајкл Граулер.

Актерката на својот Инстаграм објави фотографија од својот син и маж кој му го мести костимот за „Ноќ на вештерките“

-Кога татко ти е костимограф и секогаш си сакал да бидеш Пенивајз…, стои во описот на фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

When your dad’s a costumer and you always wanted to be Pennywise…

A post shared by Cynthia Nixon (@cynthiaenixon) on

На фотографијата до Макс е костимографот Мајкл Граулер. Никсон и овој уметник се познаваат со децении. Тие првпат соработуваа на филмот “Пат во непознато“, а Граулер беше задолжен за костимите на „Секс и градот“.

Граулер е во брак со 60-годишниот актер Вилијам Боусер, кој Синтија исто така го вика таткото на Макс.

Синтија и синдикалната активистка Кристине ја започнаа врската во 2004 година, а се свршија во 2009 година. Пред Кристине, Синтија била 15 години во врска со Дени Моузес со кој има две деца, ќерката Саманта и синот Чарлс.