петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 186
home Познати

Милиони лајкови за само пола сат: Ким Кардашијан со својот костим го запали Инстаграм (ФОТО)

Милиони лајкови за само пола сат: Ким Кардашијан со својот костим го запали Инстаграм (ФОТО)

Американскастарлета до едноставен стајлинг за Ноќта на вештерките ги воодушеви своите обожаватели.

По повод денот „Ноќ на вештерките“ многу познати личности се натпреваруваа кој ќе има најинтересен костим за празникот. Секако, шампионка овој пат беше Хајди Клум, која се маскираше во чудовиште, додека Ким Кардашијан се одлучи за едноставна варијанта.

View this post on Instagram

Flintstones ?

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Имено, американската старлета за Ноќта на вештерките се преправи во Бети Кременко, но тоа не беше се, туку таа ги и децата ги маскираше во ликовите од популарната цртана серија „Кременко“. Норт беше Вилма, синот Сејнт беше Фред Кременко, а Чикаго беше Камичак.

Фотографијата Ким Кардашијан ја објави на Инстаграм и за само пола сат собра милиони лајкови.

Коронавирус