вторник, 21. август 2018. Вести денес: 31
home Познати

Милиќ се огласи по смртта на ќерката, со емотивна порака се прости од неговата ѕвезда

Милиќ се огласи по смртта на ќерката, со емотивна порака се прости од неговата ѕвезда

Музичарот Милиќ Вукашиновиќ тешко го поднесува губењето на ќерката, која беше пронајдена мртва во стан во Сараево минатиот месец.

Маја Авдибеговиќ е погребана, а Вукашиновиќ со потресна порака се прости од својата наследничка.

-На смртта можев да им гледам во очи, не еднаш, а сега ужасно сакам да умрам и гробот мој да е во твоите очи. Ѕвезда на тато, напиша Милиќ на социјалните мрежи.