среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 171
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Познати

Милица Павловиќ не може да се помири по семејната трагедија: Имам една молба за сите луѓе кои ме познаваат, пуштете ме… (ФОТО)

Милица Павловиќ не може да се помири по семејната трагедија: Имам една молба за сите луѓе кои ме познаваат, пуштете ме… (ФОТО)

Бабата на пејачката Милица Павловиќ, Рада почина пред неколку денови, а пејачката со потресна порака се прости од нејзината најголема животна поддршка.

Пејачката освен тоа веќе неколку денови објавува фотографии и видеа кои и се единствениот спомен од нејзината баба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

Освен тоа сега објави и нова фотографија под која напиша потресен опис.

-Животот навистина пишува романи, а јас до сега во повеќе наврати имав ситуации кои ми докажале дека животот на момент може да ви се преврти наопаку. За година и половина останав без луѓе кои беа мое семејство, мој дом, мој тим. Во ноември 2020 замина мојот Дуде, а денес исто сценарио, исти луѓе, само замина мојата Рада. И сега имам два ангели на рамото, напиша Павловиќ.

Таа понатаму пишува дека од утре пишува нови победи, бидејќи и понатаму тие се тим и ја чуваат од небото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

-Имам една мала молба за сите луѓе кои ме познаваат, сакаат, поддржуваат, само немојте ништо да ме прашувате. Пуштете ме да научам да живеам со оваа ситуација и начин, а оваа болка ќе успеам некако да ја припитомам, барем се надевам дека сакам, морам, напиша таа.

Коронавирус