понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 120
home Познати

Милица Павловиќ и Вук Костиќ се „муваат“: Пејачката и актерот заминаа сами на планина, ќе се вратат ли како нова љубовна двојка? (ФОТО)

Милица Павловиќ и Вук Костиќ се „муваат“: Пејачката и актерот заминаа сами на планина, ќе се вратат ли како нова љубовна двојка? (ФОТО)

Милица Павловиќ и Вук Костиќ последниве денови се неразделни! Пејачката и актерот отпатуваа на Мокра Гора, каде изнајмија куќа во природа, покрај реката. Ова веднаш ги подгреа гласините дека атрактивната „Гранд ѕвезда“ и херојот од серијата „Убијците на мојот татко“ се „во шема“?! Или барем дека се „муваат“?!

„Милица и Вук минуваат многу време заедно и се многу блиски. Тие заминаа на одмор на планина, на Мокра Гора, но ним им се придружија и неколку пријатели.

Сите велат дека има искра меѓу нив двајца и дека се сакаат, но бидејќи и двајцата ги кријат своите приватни животи и врски, не знам дали веќе се забавувале или сè уште само флертуваат“ – изјави извор близок на двајцата за српски Информер.

Потсетува дека Костиќ беше главен гостин на 29-от роденден на пејачката лани во август, кој таа го прослави во еден познат белградски хотел.

„Таа вечер, сите ја забележаа хемијата меѓу нив! Не се разделија, дури и пееја допрени образ на образ“ – вели соговорникот. Милица Павловиќ не крие дека е блиска со познатиот актер:

„Вук и јас се знаеме со години, наши заеднички пријатели не запознаа и имаме одлични релации. Пред две години, се сликавме за еден едиторијал, потоа се запознавме подобро и продолживме да ја градиме нашата пријателска врска. Вук ме подготвуваше за улогата во серијата „Пејачка“. Тој ми беше голема поддршка и ми помагаше со знаење и совети“ – вели пејачката, без да навлегува во детали за длабочината на нивното пријателство и близина.

Коронавирус