Познати Поткаст

Мики Црнокрак во „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски

За сите оние кои денес нешто значат како јавни личности во разни области, од  модата, забавата, музиката, телевизијата… во Македонија, а минале низ школата на нивното модно студио, за семејството, сопругата, бракот, ќерките и живеењето од професија каква што е модата, за личните предивици, и хобија…

Мики Црнокрак во „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски

Кога се модата и модните настани во Македонија во прашање, веднаш прво што ви паѓа на памет е неговото презиме по кое вика и најпознатата модна агенција или модно студио кај нас.

А тој во модниот свет ќе влета сосема случајно пред многу години, кога при еден престој на Јадранот, на модна ревија еден од манекените ќе се разболе, па ќе го одберат него да влета како замена… И оттогаш нема да излезе од истиот тој свет, зашто модата ќе му влезе под кожа. И професионално и приватно.

Зашто токму модата ќе му го одреди не само професионалниот, туку и животниот пат откако на една модна ревија во Штип ќе ја запознае својата животна сопатничка на најнеобичан начин. Откако манекенката ќе ја придржи да не падне кога таа случајно ќе се сопне на модната писта. Џентлменскиот потег ќе прерасне во блиско познанство, а потоа и во љубовна врска, која подоцна ќе биде крунисана со брак.

Од бракот ќе произлезат и нивните две наследнички, двете прекрасни ќерки кои исто така имаат свои обиди дали професионално или само аматерски да го почувствуваатвкусот на на професијата на нивните родители.

Семејниот бизнис во вид на најпознатото модно студио во Македонија со години произведува нови кадри.

Така, речиси и да нема девојка или момче кои се во светот на модата, чекорат по модните писти, се појавуваат на разно-разни избори за убавина, рекламираат различна гардероба, обувки, акцесоари како модели, се појавуваат во музички видеоспотови, па дури и како водител(к)и зад ТВ камерите, а да не поминале низ нивното модно училиште, кое е синоним за оваа професија во Македонија.

За почетоците во модниот свет, за својот професионален и животен пат, за бракот на двајца манекени и модели, за модата и модните збиднувања во Македонија, за изборите на убавина и мисиците, за македонските претставнички на светските избори и успесите на нашите претставнички, за сопките, местенките и сите останати задкулисни случувања во светот на модата и изборите на убавина, за модната индустрија во светот и во Македонија…

За сите оние кои денес нешто значат како јавни личности во разни области, од  модата, забавата, музиката, телевизијата… во Македонија, а минале низ школата на нивното модно студио, за семејството, сопругата, бракот, ќерките и живеењето од професија каква што е модата, за личните предивици, и хобија…

И за уште мноштво други познати, помалку познати или непознати работи говори најпознатиот моден гуру во Македонија, Мики Црнокрак.

Тој ќе биде поткаст гостин во најновото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“  кај неговиот и Ваш домаќин Антонио Димитриевски, чија премиера оди вечерва ( среда, 04 јуни, 2025 година), во 20 часот на YouTube каналот на КурирМК (

To top