вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 32
home Познати

Миа Костова сликовито ќе ви објасни што е тоа „фраер… скопски фраер“! (ВИДЕО)

Миа Костова сликовито ќе ви објасни што е тоа „фраер… скопски фраер“! (ВИДЕО)

Бившата „Бекстејџ“ водителка ем не мирува дури ни во карантин, ем не престанува да изненадува со шокантни изјави, провокативни фотографии, необични случки, а сега и со своите актерско – нараторски способности во новиот серијал на својот Инстаграм.

Имено,  русокосата неодамна токму во својата бивша емисија, ТВ магазинот „од зад сцена“ – „Бекстејџ“, отоврено призна дека е „и на струја и на батерии“ кога е сексуалната определба во прашање, односно сака и машки и девојки! Нешто за што отсекогапш за неа гласно се шепотеше, ама никако вербално таа и самата јавно да го потврди…  се’ до сега.

По ова храбро признание со кое ги шокираше помалку упатените во нејзината приватност, Миа од карантинот дојде до нова идеја… Видео серијал во вид на куси играни скечеви на различни животни теми, однесувања, случки, настани, личности, карактери… Како што таа храбро се држеше, носејќи се со се’ што до сега чаршиските и социјалните „кулоари“ (о)зборуваа за неа, така сега и вие „Држ’ те се…“ и тоа добро. Имено така, се вика споменатиот нов серијал на Инстаграм, кој Миа го најавува со првата епизода од него, насловена како… „Фраер… скопски фраер“!

„Цел живот сме во Скопје и ден денес тврдиме дека без нив ништо не е исто. Прво видео од серијалот ‘ Држ’ те се’ … секоја случајност е (не)намерна…“ – напишала мама Миа во најавата на видеото кое навистина мошне пластично и сликовито ќе ви долови како тоа изгледа фраер… скопски фраер… Во очите на Миа Костова и нејзината пријателка, а веројатно и во перцепцијата на сите нас!

Погледнете, изнасмејте се, расположете се, уживајте и секако… „Држ’ те се“… Зашто, можеби токму Вие утре ќе се најдете кај Миа на дневен ред!

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија