понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Познати

„Ми врати во негов стил“: Панчо ДНК искомуницирал со Драган Вучиќ додека бил во болница

„Ми врати во негов стил“: Панчо ДНК искомуницирал со Драган Вучиќ додека бил во болница

Тажната вест за смртта на Драган Вучиќ утрово потресе многумина кои со неверување ја примија информацијата која осамна во медиумите.

Македонските јавни личности преку своите профили на социјалните мрежи се збогуваат од македонскиот водител,пејач, басист и композитор, а меѓу оние кои напишаа последно збогум за Вучиќ е и Владимир Блажев – Панчо ДНК, кој меѓудругото напиша и дека искомуницирал со Драган пред речиси една недела додека тој бил хоспитализиран.

Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и побрзо закрепнување. Ми врати едноставно во негов стил : ТИ СИ МИ ЕДНО ГОЛЕМО СРЦЕ ….. Епа денс тоа срце е многу тажно. Загубивме еден ГОЛЕМ ЧОВЕК пред се татко, дедо, музичар, шоумен, професионалец и дефинитивно еден од најхаризматичните ликови во нашата земја и естрадата .Ми беше чест што те познавав. Длабоко сочувство до фамилијата и блиските. До следно наше гледање пријателе …..
Легендите живеат вечно!

ПС – Оваа слика е направена пред точно една година ( 10ти мај ) кога гостував во неговото шоу и еве што сум напишал : Денес имав особена чест и задоволство да бидам гостин во емисијата на Драган “Возење со Вучиќ”. Жива легенда која трае повеќе од 25ет години на македонскиот етер, и дефинитивно еден од најпрофесионалните и најхаризматично ликови со кој сум имал можност да соработувам во мојата досегашна кариера.
Секоја чест мајсторе…. Да си жив, здрав и ти посакувам уште многу успешни проекти. Симнувам капа господине, напишал тогаш Панчо за гостувањето во емисијата на Вучиќ.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија