среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 117
home Познати

Мерлин Менсон пуштен од затвор

Мерлин Менсон пуштен од затвор

Мерлин Менсон (52) беше во затвор од 2 јули откако и се предаде на полиција во Лос Анџелес по потерница поради наводен напад на плукање кон видеограф на концерт кој во 2019 година го одржал во Њу Хемпшир.

Рокерот, чие вистинско име е Брајан Ворнер, се товари за две прекршочни точки од нападот поврзани со инцидентот од 18 август 2019 година.

Шефот на полицијата во Гилфорд, Антони Бурпи вчера потврди дека рокерот се предал на властите и дека Менсон е процесуиран и пуштен со кауција.

-Задоволни сме со одлуката на господин Ворнер конечно да се јави по налогот на апсење кој е распишан од 2019 година, вели Бурпи.

Рокерот би требало да има судење, но датумот се уште не е објавен.

Локални избори 2021