Познати НА КУРИР

Мелита Ракичевиќ во „Ништо лично“: Некогашната ТВ водителка и најпозната трендсетерка на гости кај Антонио Димитриевски

Понекогаш контроверзна, понекогаш скандалозна, ама секогаш своја, достојна на своите принципи иначин на живот. И тогаш кога јавноста се обидуваше да ја распне и тогаш кога мноумина ја славеа, таа остана верна на себе и своите уверувања, дека попрво би умрела од страст отколку од досада!

Мелита Ракичевиќ во „Ништо лично“: Некогашната ТВ водителка и најпозната трендсетерка на гости кај Антонио Димитриевски

Атрактивна, сексапилна, привлечна, пожелна, неодолива… Во времето кога работеше на телевизија љубителите на домашните миленици, а  оние на убавите ТВ водителки не ги тргаа своите „влажни погледи“ од своите телевизори. Првите заради нејзиното умеење и познавање кое го презентираше во веројатно најгледаното домашно ТВ шоу зод ваков вид, легендарното „Пет шоу“, вторите заради нејзината фатална привлечност со која зрачеше дури и преку ТВ екраните.

Подоцна смени ТВ станица и влета во светот на една поинаква забава, многу поблиска на естрадата и јавниот селебрети живот, за по напуштењето на професијата од пред ТВ камерите да не ги смени ни навиките, ни намерите и самата да живее по елитните правила во светот на раскошот и гламурот. Иако со години не беше на телевизија и до ден денес остана дури и многу попозната јавна фаца од некои кои секојдневно ги гледате на телевизија.

Понекогаш контроверзна, понекогаш скандалозна, ама секогаш своја, достојна на своите принципи иначин на живот. И тогаш кога јавноста се обидуваше да ја распне и тогаш кога мноумина ја славеа, таа остана верна на себе и своите уверувања, дека попрво би умрела од страст отколку од досада!

И денес по разводот за кој и самата вели дека колку и да изгледа поинаку, воопшто не е лесна работа, ниту пак таа лесно го поднела, таа важи за најпознатата скопска трендсетерка. ТВ екраните ги замени со социјалните мрежи каде неретко го споделува сиот свој телесен раскош со кој и многу од помладите не би се осудиле да се носат. Но и начинот на живот, честите патувања, егзотичните дестинации, како и сите оние мигови од животот кој се уште го живее со полни гради.

Нејзината ќерка Барбара е нејзина наследничка на која таа е горда мајка која ја подучува за многу работи, а сепак ја остава по својот пат и самата да чекори.

За нејзините пријатели и непријатели, за некогашните ТВ ангажмани и идните планови, за ТВ професијата која ја прослави и оваа новата, инфлуенсерството со кое многумина сакаат да станат славни преку социјалните мрежи, за аферите и трачевите, за озборувањата и квалификациите, за стравот од стареење или гордоста на годините, за животот и ноќните  забави во она и ова време…

Но и за естетските зафати и тетоважите, за ботоксот и силиконите, за еротската понуда и фетишите, за опседнатоста со сопственото тело и убавина, за фотографиите и фотошопот, за љубовта и страста, бракот и разводот, за ќерка и Барбара и нејзината кариера, за последните настани со вандалскиот чин и насилната ексхумацијата на посмртните останки на нејзиниот пријател Зоки Фаци…

И за уште триста други „тракатанци“ со  скопската ведета која се’ уште важи за урбана елита, едната и единствена Мелита… во интер ток шоуто „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски.

Премиерно во СРЕДА, 12. март 2025 во 20 часот на  YouTube каналот на  КурирМК (

Најнови вести од Познати

To top