петок, 4. декември 2020. Вести денес: 64
home Познати

Мелита му „подлегна“ на притисокот: „ОК… Пукајте“! (ФОТО)

Мелита му „подлегна“ на притисокот: „ОК… Пукајте“! (ФОТО)

Некогашната ТВ водителка, денес позната трендсетерка Мелита Ракичевиќ е активен корисник на социјалните мрежи. Мели „кисне“ на особено на Инстаграм каде секојдневно споделува сегменти од својот живот, својата фигура, изглед, различни уживања во разни егзотични дестинации…

Последната „виртуелната комуникација“   со своите обожаватали ја имаше пред крајот на 2019 година, кога ги искористи приказните на Инстаграм за да одговора на нивните прашањата  каде што доволно отворено проговори за својот емотивен статус, начинот на живот, ќерката Барбара…

Не мина долго, а Мелита еве ја одново „лице в лице“ преку мобилниот со своите следбеници и обожаватели. Поради нивниот притисок да дознаат што повеќе за неа или понесена од желбата одново виртуелно да ја се сподели „себеси“, својата приватностм, карактерот, желбите, потребите, навиките, емоциите…  со јавноста Мелита повторно одговараше на прашањата на обфановите, а дел од нив навистина се интересни и скокотливи.

„ОК… Победивте, Пукајте…“ – ги повика следбениците на Инстаграм екс водителката, а ним не им требаше долго да  распалат со рафални прашања. Еве некои од најинтересните.

1. Да беше машко, како ќе и се пушташе на Мелита?     

– Не е малку глупаво да ви кажам? А и неме правила. Ама знам сигурно дека мелита не поднесува мажи без стил, култура             и мозок.

2. Кажи ни го на кратко патот до твоето срце, како да стигнеме до него?

–  Не губете време, му припаѓа само на еден.

3. Дали според тебе во љубовта, целта ги оправдува средствата?

–  Да… Се’ за љубов!

 4. Какво име е Мелита?

– Мелита е грчко име. Мели – како мед… А Мелита би му дошло нешто како „Медена“!

5. Дали очекуваше да имаш волку машки фанови пред да направиѓ Инстаграм?

–   Отсекогаш ги имам!

6. Изгледаш како да имаш 30 години…!?

– Толку и имам (ха, ха, ха…).

7. Ве поврзуваат со извесен мафијаш. дали е точно дека сте заштитена и никој не може да ве има? Ве видов…

– Стварно? Па, ако знеш што прашуваш?

Останатото… Погледнете го на нејзиниот Инстаграм профил!

 

извор: vistina.com.mk

Коронавирус